Таму каде што минатата година застана Armin van Buuren, оваа година продолжува еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI!
Ако во овој бизнис постои човек кој 1000% остава срце на терен во своите настапи, тоа е STEVE AOKI! Познат по својата неверојатна енергија, интеракција со публиката и легендарните “cake throwing” моменти, Aoki има настапувано на најголемите светски фестивали како Tomorrowland, Ultra, Coachella, Untold и многу други…
Тие што биле – знаат, а тие што не биле – сега ќе дознаат: Steve Aoki не приредува само шоу, туку вистинско аудио-визуелно искуство. Зарем за тоа не е доволен доказ фактот дека Steve Aoki е запишан во книгата на Гинисови рекорди за најдолг аплауз од публика?
Со бројни хит соработки (will.i.am, Backstreet Boys, Blink-182, Afrojack, Vini Vici, Linkin Park и многу други), милијарди стримови и секогаш високи позиции во листата на DJ MAG, Steve Aoki е име што не следи трендови, туку ги поставува.
Затоа, на 2 август, очигледно е дека сите патишта ќе водат кон Битола. Влезниците ќе бидат во продажба од петок (17 април) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk, во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија по следните цени и категории:
Партер – 1.500 денари, Фан пит – 2.000 денари и лимитиран број на ВИП пакети.