Хрватската поп-ѕвезда Северина ги одложи концертите во Копривница, Хрватска закажан за денес и концертот во Скопје закажан за 18 април.
„Многу ми е жал што морам да го напишам ова и да го откажам утрешниот концерт. Сите знаете за ситуации кога фудбалер не игра затоа што повредил мускул на ногата, а мускулите на гласните жици се едни од најмалите и најоптоварените мускули во телото, а мојата докторка Вечерина ми забрани да настапувам, бидејќи тоа може да го влоши третманот што започна завчера. Многу ми е жал за утрешниот концерт и се чувствувам уште полошо што нема да настапувам. Ви благодарам на сите што размислувавте да дојдете и се надевам на брзо закрепнување. – изјави Северина за Eventim.hr по повод откажувањето на концертот во Хрватска.
Концертот во Скопје е презакажан за 5 декември.
За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новиот датум, ќе биде овозможено враќање на средствата до 21 април.