Роџер Вотерс бара пејач за трибјут бендот на „Пинк Флојд“ предводен од неговиот син

Десет години откако коосновачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, го отпушти својот син Хари од неговиот пратечки бенд, Вотерс сега регрутира пејач за новиот трибјут бенд на „Пинк Флојд“ предводен од неговиот син.

Вотерс, 82, објави отворен повик за пејач кој може да звучи како што звучел тој во своите најславни времиња, за да се придружи на бендот на Хари Вотерс, за концерт наречен „Legacy: A Pink Floyd Show“.

„Мојот син состави одличен бенд и шоу за да одат на турнеја следната година за да оддадат почит на музиката од златната ера на „Пинк Флојд“ а можеби и неколку песни од мојата последователна соло кариера. На бендот на Хари му недостасува едно нешто. Гласот што го имав кога бев млад.“, напиша Вотерс на Инстаграм.

Вотерс рече дека Хари е во потрага по водечки вокалист кој може да пее сè, од „меката итност“ што се слуша во „Comfortably Numb“ до „високо фреквентниот крик“ во „Don’t Leave Me Now“.

„Можеш ли да го направиш тоа? Дали ти недостасува тој глас? Ако да, ова е твојата шанса. Ова е отворена покана за аудиција за бендот на Хари. Сериозен сум.“ – напиша тој.

Хари го повтори повикот на своите социјални мрежи, пишувајќи дека „бара пејач кој може да звучи како што звучел татко му кога бил млад.“

Одлуката на Хари да ја поведе музиката на татко му на турнеја доаѓа 10 години откако Вотерс ненадејно го отпушти својот син од неговиот бенд, каде што свиреше клавијатури и оргули, по 14 години соработка.