Кочовска, Тасевски и Митиќ наградени за најдобри улоги на фестивалот „5РЕ“

Петтото издание на Театарскиот фестивал „5РЕ“ уште еднаш потврди дека сцената е место каде што талентот, посветеноста и уметничката храброст оставаат траен белег.

Со силни изведби, впечатливи актерски остварувања, моќни режисерски визии и претстави што длабоко ја допреа и публиката и жирито, годинашното издание донесе незаборавни театарски моменти и заслужени признанија за најдобрите.

Во продолжение наградените:

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА

ТАЊА КОЧОВСКА за улогата на Спиројца во претставата „Народен пратеник“

(Македонски народен театар – Скопје – МНТ)

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА МАШКА УЛОГА

САШО ТАСЕВСКИ за улогата на Чич во претставата „Куршуми над Бродвеј“

(Драмски театар – Скопје)

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА

ЈОВАНА СПАСИЌ за улогата на Оливија Нил во претставата „Куршуми над Бродвеј“

(Драмски театар – Скопје)

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА

АЛЕКСАНДАР РАДУЛОВИЌ за улогата на Вук во претставата „Другата страна“, во режија на Борис Лијешевиќ

(Црногорско народно позориште – Подгорица – ЦНП)

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА

БОРИС ЛИЈЕШЕВИЌ за претставата „Другата страна“

(Црногорско народно позориште – Подгорица – ЦНП)

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ОД ПУБЛИКА

„Аматери“, во режија на Синиша Евтимов

(Театар Комедија – Скопје)

ГРАН ПРИ – НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„Другата страна“, во режија на Борис Лијешевиќ

(Црногорско народно позориште – Подгорица – ЦНП)