Дипломатски пасош на БиХ за Здравко Чолиќ

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, денес во Сараево се сретна со легендарниот пејач Здравко Чолиќ.

Како израз на високо институционално признание за неговиот исклучителен придонес во културата, врвните уметнички достигнувања и долгорочната промоција на Босна и Херцеговина на меѓународната сцена, со посебна гордост на Здравко Чолиќ му беше доделен дипломатскиот пасош на Босна и Херцеговина.

Му посакуваме на уметникот, чие дело со децении ги надминува границите, а чие име стана синоним за врвен музички израз, да продолжи да ги збогатува нашите животи и да гради мостови на единство со својата креативност во годините што доаѓаат, соопшти Министерството за надворешни работи на БиХ.

За потсетување, Чолиќ одржа пет распродадени концерти во сараевската Зетра во март и април, од кои последниот беше на Денот на градот Сараево. Концертите донесоа илјадници туристи од БиХ и регионот во Сараево.