Никола Ристановски доби награда за најдобар актер во Пожаревац

Наградата за најдобар актер на втората вечер од 30-тиот Фестивал на актери „Миливое Живановиќ“ во Пожаревац, Србија му припадна на Никола Ристановски, објавија денес организаторите.

Ристановски беше награден за неговата улога како професор Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ на театарот „Звездара“ со едногласно гласање од стручното жири и жирито на публиката, се вели во соопштението.

Претставата, работена според романот на Момо Капор, „Уна“ премиерно беше изведена во октомври минатата година во театарот „Звездара“, по текст на Стеван Копривица, а во режија на Дејан Пројковски.

На истиот фестивал на 8 април ќе учествува и Македонскиот Народен Театар со претставата „Народен пратеник“. 

Може да ве интересира: