Пристигна нов трејлер за „Mother Mary“, новиот филсмки наслов од A24, во кој Ен Хатавеј игра поп-ѕвезда која се обидува да се помири со своето минато додека се подготвува за големо враќање.
Филмот на Дејвид Лоури е опишан како „психосексуална поп-опера“ која спојува драма, музика и психолошки трилер. Ја следи позната пејачка која, во пресрет на голема турнеја, повторно се поврзува со отуѓен пријател и поранешен стилист.
Новиот трејлер започнува интроспективно, со Коел како раскажувач, но постепено добива потемен и повознемирувачки тон, алудирајќи на елементи на хорор и психолошка неизвесност. Визуелно впечатливите сцени и симболика сугерираат емоционално интензивен филм кој комбинира поп-спектакл со внатрешниот слом на главниот лик.
Музиката привлекува особено внимание. Хатавеј ја изведува оригиналната песна „My Mouth Is Lonely for You“. Саундтракот ја содржи и претходно објавената песна „Burial“, соработка со имиња како Чарли Екс-Си-Екс и Џек Антоноф.
Филмот прво ќе се појави во кината на 17 април со поширока дистрибуциа од 24 април 2026 година.