Нова отворена аудиција. Овојпат за главната улога во новиот краток игран филм на Лидија Мојсовска, „Сѐ што остана беше приказна“.
Аудицијата е отворена за мажи на возраст меѓу 35-45 години од охридско-струшкиот регион кои немаат професионално актерско искуство. Кандидатите треба да имаат видливи карактеристики на мажи кои работат на отворено (земјоделие, градежништво, сточарство).
Охрисдко-струшкиот дијалект е пожелен но не е неопходен. Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видео интервју за кои не е потребно никаква подготовка а материјалите од аудицијата нема да се објавуваат.
Аудицијата ќе се одржи во петок, 3ти април 2026 од 14.30 до 17.30 часот во Europe House Struga