Познатите Duran Duran денеска најавија голем концерт во лондонски Хајд парк на 5 јули. Само три дена по концертот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 2 јули.
„Неверојатно е задоволството, ќеифот уште поголем, да се сподели веста дека кога Duran Duran ќе се спакуваат после скопскиот концерт на 2 јули, наредна дестинација им е на 5 јули, Хајд Парк во Лондон, каде ќе настапат на простор со капацитет за 80.000 луѓе!“ – објавија од Авалон продукција
Настапот е дел од серијата концерти BST Hyde Park, кој е еден од најголемите урбани фестивали во Европа. Се работи за серија концерти што траат неколку недели секое лето и собираат светски ѕвезди пред публика од десетици илјади луѓе .
Со глобални класици како „Hungry Like the Wolf“, „Rio“, „Come Undone“, „Girls on Film“, „Ordinary World“, „Notorious“ па до нивното најново издание „Danse Macabre“, со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, Duran Duran остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика.