Започнаа пробите за „Трговци со презервативи“ во Струмички театар

Во струмичкиот театар започнаа подготовките на новата претстава „Трговци со презервативи“ од Ханоx Левин, во режија на Дејан Ангелов.

Сценскиот дизајн е на Филип Коруновски, додека музиката и изведбата во живо им се доверени на Ставро Анѓелаков и Љубен Маџиров.

Во актерската екипа настапуваат: Јулија Милкова, Стојан Велков – Трн и Игор Тодоров.

Премиерата на претставата е закажана кон крајот на април. Публиката ја очекува уште еден нов и возбудлив театарски проект на сцената на струмичкиот театар.