„Нокаут“ има аудиција: Најдобрите ќе настапат со нив на големата концертна сцена

„Нокаут“ ве води кон големата сцена на јубилејниот 30-ти роденден на групата „Нокаут“, на 9 мај 2026 година, во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Сите бендови и изведувачи што сакаат да бидат дел од ова музичко славје, се поканети да учествуваат на НОКАУТ аудицијата, која ќе трае до 31 Март 2026 година. Најдобрата една или повеќе видео-изведби, препеви или преработки (кавер-верзии) на песни од групата „Нокаут“, ќе добијат можност да настапат во живо на големиот концерт на 9 мај 2026 година, во арената „Јане Сандански“ и да ја споделат сцената со своите музички идоли.

Начин на учество: Снимете го својот настап со бенд и публика, соло во омилениот локал, дома, во природа, па дури и на скијање. Објави го видеото како Reel на твојот Instagram профил и задолжително означете ги: @nokautmk, селекторот @igordzambazov. Или на официјалните страни на Facebook @Nokaut NK @igordzambazov

Покажи ја својата енергија, сподели ја љубовта кон музиката и можеби токму ти ќе ја делиш сцената на јубилејниот 30-ти роденден на „Нокаут“, на 9 мај 2026 година, во арената „Јане Сандански“. Твојата песна може да биде дел од историјата на македонската авторска музика.