Тихомир Поп Асановиќ со концерт во Скопје

На 10 Март во концертната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20.00 часот ќе се одржи концерт по повод 60 години музичка кариера на Тихомир Поп Асановиќ!

Асановиќ кој е хрватски џез-рок клавијатурист кој својата музичка кариера ја започнал токму во Скопје каде завршил средно училиште. А на 16-годишна возраст, почнал да настапува со големиот танцов оркестар на РТВ Скопје. Подоцна е клавијатурист кој свирел во разни југословенски музички групи како што се „Тајм“, „Смак“, „ЈУ Група“ и бил на турнеи со нив низ целиот свет во 1970-тите и почетокот на 1980-тите.

На иста сцена со него ќе будат: Влатко Стефановски, Рамбо Амадеус, Амир Гвиртцман, Јани Модер, Јован Маљоковиќ, Драги Јелиќ од ЈУ Група, Карин Земљиќ, Јан Стефановски и неколку специјални изненадувања!

Влезниците се во продажба на mktikets.mk и karti.com.mk.