По барање на публиката – повторно во Битола! Концертот што ја разбуди носталгијата повторно се враќа на сцената! По одличната атмосфера на првиот концерт, Битолскиот дувачки оркестар уште еднаш ќе нè врати во безгрижните 90-ти — во времето кога пеевме гласно, искрено и од срце.
Ова е концерт за сите генерации — за оние што пораснаа со овие песни, но и за денешните деца кои ќе имаат можност да ја запознаат музиката што носи топлина, спомени и ведрина.
На програмата повторно ќе бидат легендарните детски хитови: „Визба стара и гитара“, „Метро и жилет“, „Софи Софија“, „Боби баш ми е гајле“ и уште многу други омилени песни од 90-тите.
Специјални гости ќе бидат: Хорот од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, солисти од Државното музичко училиште – Битола и младинскиот мандолински оркестар КУД „Стив Наумов“.
Низ вечерта ќе нè води нашиот пријател и актер Игор Трпчески, кој ќе се погрижи атмосферата да биде уште потопла, поемотивна и исполнета со насмевки.
Донесете ги вашите деца, внуци, пријатели, колеги. Да си дозволиме повторно да бидеме деца — барем за една вечер.
Концертот ќе се одржи во големата сала на Центар за култура – Битола а почеток на концертот е во 19 часот. Влезници по цена од 300 денари можете да набавите на билетарницата во Центар за култура – Битола , од петок 20.02.2026 од 16:00 до 21:00 часот или можете да резервирате во приватна порака на Facebook и Instagram профилите на Битолскиот дувачки оркестар.