Народен театар – Битола е во процес на проби за новата претстава за деца „Авантурите на Пинокио“ по познатото дело на Карло Колоди.
Режијата е на Деан Дамјановски а играат: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска – Илијиевски, Катерина Аневска – Дранговска и Александар Димитровски.
Премиерата е закажана за 28 февруари на големата сцена на Народен театар – Битола со почеток во 18 часот.