Колку пари доби Битола од Годишниот конкурс на Министерството за култура?

Министерството за култура и туризам денеска, недела (1.2.2026), на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година.

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2026 година траеја од 30 септември 2025 година до 31 октомври 2025 година.

Пријавувањето на Годишните конкурси се одвиваше електронски преку Националниот портал за е-услуги. Во системот се евидентирани 2.618 пријави поднесени од: правни и физички лица, единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година. Вреднувањето на проектите беше извршено од страна на стручни комисии врз основа на исполнетоста на општите и посебните услови содржани во конкурсите по области и активности во културата.

Во областа на популарните музички манифестации поддржани се фестивалите „BITOLA CALLING“ со 620,000 денари и С.O.С ФЕСТИВАЛ со 400,000 денари. Традиционално поддршка добија и детските музички фестивали „Си-До“ и „Тра-ла-ла“ со по 200,000 денари. „Локум фест“ кој своето јубилејно 20 издание ќе го има оваа година доби 480,000 денари. А музички фестивал со најголема поддршка е фестивалот на класична музика „Интерфест“ со 1,000,000 денари.

Концерти поддржани од Министерството во Хераклеа ќе имаат Симон Трпчески, „Фолтин“ кои ќе го одбележат јубилејот 30 години со поддршка од 200,000 денари. А фронтменот „Пијан славеј“ доби и 200,000 денари за нова македонска шансона под насловот „Нудист“.

КУД „Стив Наумов“ доби 164,000 денари за концерт „Музиката како чувар на традицијата“. Поддршка од 320,000 денари е доделена и за 8. Меѓународен натпревар „Пијанофест“.

Од областа на фолклорот, Миле Кузмановски добил 189,000 денари за „Ехо од Хераклеа“, ансамблот „Гоце Делчев“ добил 120,000 денари за целата годишна програма, КУД „Илинден“ добиле 200,000 денари за Музичко сценски проект „35 години независна Македонија – инспирација“ и 90,000 денари за гостување на фестивали во земјата и странство,

Од областа на визуелни уметности, КИЦ Битола добил 30, 800 денари за прва самостојна изложба на Марија Нешкоска под насловот „Архетип: ‘рбет, гибел и дебели плешки“. Друштвото на ликовни уметници за „Ноемвриска изложба“ добило 50,400 денари и исто толку за годишната изложба. Малиот битолски монмарт е поддржан за Светскиот детски ликовен конкурс „Битола 2026″ и 44-та светска детска ликовна изложба “Битола 2026″ со 64.800 денари и 180.000 денари за јубилејниот 45-ти меѓународен фестивал – светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр 2026 година”. Друштвото „Имагинариум арт студио“ пак добило 64,800 денари за ImagineLab – Инклузивна детска лабораторија на уметноста и фантазијата“ а Здружение за едукација во полето на аудиовидео и литературна уметност ЛАТЕРАЛ Битола за публикацијата „Ехо на вековите: Од Курбиново до модерна Италија со видувањата и зборовите на Киро Урдин — уметник на бескрајот, колоритот и движењето (второ, проширено издание од Игор Трајковски –Фоја) добило 176,000 денари.

Во областа на музејската дејност средства повторно добило Друштвото „Имагинариум арт студио“ овој пат за „ARTifacts – детска уметничка лабораторија во музејот добиле за 100,000 денари. Заедницата на Срби во Македонија – Битола добила 80,000 денари за 110 години од Кајмакчалан – академија со фотоизложба во спомен капелата на Кајмакчалан.

Во областа на недвижно културно наследство поддржано е Здружението „Македонски национален комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС во Северна Македонија, Скопје за проектот Дигитално документирање и афирмација на последниот мурал на Борко Лазески „Битола бабам Битола“ со 90,000 денари. Мери Бошкоска е поддржана за виртуелна прошетка низ срцето на Битола со 69,900 денари.