Раде Шербеџија на Широк сокак зборуваше со Јоана Поповска

Познатиот актер и музичар Раде Шербеџија попладнево пристигна во Битола, каде вечерва ќе одржи концерт со својот бенд. По пристигнувањето, Шербеџија беше пречекан на Широк Сокак, а неговиот престој е организиран во Sokak Heritage Apartments, сместени во самиот центар на градот.

Оваа локација е познат избор за уметници и гости од меѓународен ранг и претставува препознатливо место каде престојувале и бројни ѕвезди за време на ИФФК Браќа Манаки. Во текот на попладнето следеше кратка прошетка низ Широк Сокак и средби со долгогодишни пријатели, по што Шербеџија и бендот ја одржаа тонската проба пред вечерашниот концерт.

За време на кратка прошетка Шербеџија телефонски разговараше со доајенката на македонското глумиште, битолчанката Јоана Поповска.

Организаторите упатуваат благодарност до спонзорот Sokak Heritage Apartments за обезбедените услови за престој.

Концертот на Раде Шербеџија е закажан за вечерва.