Филмската академија на САД вчера во театарот Семјуел Голдвин во Лос Анџелес ги објави номинациите за 98. доделување на наградите Оскар, а кинематограферот Дариус Конџи (ASC, AFC) добитникот на Златна Камера 300 за животно дело во рамки на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, доби номинација за оскар во категоријата најдобар кинематографер за филмот „Марти суприм“, во режија на Џош Сафди. Во чест на Конџи, на фестивалот во Битола беше прикажан филмот „Едингтон“, во режија на Ари Астер.
Покрај Конџи, уште еден лауреат од 46. Манаки беше номиниран во две категории на оскарите, односно филмот од официјалната селекција на фестивалот „Сират“ доби номинации во категориите: најдобар интернационален филм, како претставник на Шпанија и номинација за најдобар звук. На шпанскиот кинематографер на филмот Мауро Херце му беше доделена наградата Бронзената камера 300.