„Бомбај Штампа“ со „Bilo je pravo dobro“ најавува нов студиски албум

Сараевската група „Бомбај Штампа“ објави нов сингл, , кој го најавува претстојниот студиски албум „Voljeću te vječno, a možda i duže“.

Песната е придружена со видео кое носи посебно изненадување, заедно со фронтменот на групата и познат актер Бранко Ѓуриќ – Ѓура, во видеото се појавува и неговата сопруга, актерката Тања Рибиќ. Заедно, тие ги покажаа сите фази од заедничката врска, стилски прилагодени на различни временски периоди.

Музиката е на Бранко Ѓуриќ и Недим Бабовиќ, текстот е напишан од Бранко Ѓуриќ, додека аранжманот е резултат на заедничката работа на целиот бенд. Видеото е режирано, монтирано и продуцирано од Вен Јемершиќ.

По повод прославата на нивниот 40-годишен јубилеј, Ѓуриќ и Бабовиќ открија детали за работата на нивниот нов албум во 2024 година: „Новиот албум е речиси готов. Нашиот најголем проблем е што сите сме на различни страни од светот, па затоа е вистинска научна фантастика да нè собере десет дена на исто место. Сакаме да снимаме како вистински рок бенд, сите заедно, и тоа е мал предизвик денес. Но, кога ќе се собереме, сме како семејство и тогаш тоа е бескрајно задоволство за сите нас.“

Групата е основана во 1982 година и беше дел од новото примитивистичко движење. Тие ја освоија публиката со хитови како што се „Mrak je“, „Bolje letim sam“, „Jogging kroz Alipašino polje“, „Nedim“, „Vriska“ и „Truba“.

Тие го издадоа својот трет студиски албум „Neka DJ odmah dole CJ“ во 2010 година, а сега, по 16 години, нивниот долгоочекуван нов албум излегува на почетокот на февруари. Како вовед во изданието се сингловите „Samo lagano“, „Udari me nečim“ и „Nisi sama sada“.