Голем Божиќен концерт во Центар за култура – Битола

Празниците продолжуваат со концерт на народни и црковни божиќни напеви под насловот „Свет, свет, свет“.

Со овој голем Божиќен концерт Општина Битола ќе го празнува раѓањето Христово. А во коорганизација со Центарот за култура и Културниот и информативен центар.

Концертот ќе се одржи на 8 јануари со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура-Битола а влезот е слободен.

Настапуваат: Благојче Трајковски – кларинет, Никола Трајановски – виолина, Филип Михајлоски – канон, Гоце Ристески – лаутa, Петар Христов – уд, Коста Стевановски – контрабас и Пеце Трајковски – перкусии.

Вокални изведувачи ќе бидат: Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска и Петар Христов.

Ве очекуваме на големиот концерт за големиот Божик.