Никола Пројчевски во 2025 година одиграл 107 претстави во Битолски театар

Народен театар – Битола со изведба на претставата „Трите прасиња и Дедо Мраз“ синоќа ја заврши 2025 година со 178 претстави, што е за 104% повеќе од 2024 година кога биле одиграни 87 претстави.

Актерот Никола Пројчевски е актерот со најмногу одиграни претстави во 2025 година, односно на сцената бил присутен 107 пати!

Пројчевски со години е еден од носечките актери на репртоарот на Битолски театар, а оваа година помеѓу останатите играше во „Црно семе“, „Чорбаџи Теодос“, „Рибарски караници“, „На отворено море“, „Жиголо“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Кокошка“, „Макбет“, „Странецот“ и „Трите прасиња и Дедо Мраз“.