Агенција за филм на вториот рок со балансирана поддршка на младата генерација и етаблираните филмски работници

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ги објавува резултатите од вториот рок на одлучување по Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2025 година.

Со овој конкурс, Агенцијата за филм продолжува со поддршка на млади и перспективни автори, како и на нови режисерски и продукциски гласови, кои го развиваат својот авторски израз и придонесуваат кон динамичен и современ развој на националната кинематографија. Посебен фокус е ставен на проекти кои носат свежи теми, нови естетики и современи авторски пристапи.

Истовремено, во вториот рок се воспоставува јасен баланс меѓу поддршката на младата генерација и континуитетот на етаблирани филмски работници и режисери со значаен професионален и авторски опус.

Оваа година, преку вториот рок на Конкурсот, поддржани се етаблирани филмски работници и режисери со значаен авторски и професионален опус, како и звучни имиња од домашната и регионалната филмска сцена, меѓу кои се Радован Петровиќ, Изер Алиу, Марија Апчевска, Кумјана Новакова, Саша Станишиќ, Лидија Мојсовска, Ана Јакимска и Ивица Димитријевиќ.

На овој начин се овозможува стабилност во развојот на македонскиот филм, но и отворање простор за нови автори како Тина Величковиќ и Ханис Багашов, кои се дел од новата генерација филмски творци.

Во рамки на конкурсот се поддржани и четири долгометражни играни филмови во меѓународна копродукција, со партнери од Албанија, Србија, Словенија и Црна Гора, што претставува продолжување на воспоставената меѓународна соработка и размена на креативни и продукциски искуства и големување на меѓународната видливост на македонските филмски проекти.

Поддржаните проекти се одликуваат со висок уметнички потенцијал и се очекува во наредните години да бидат реализирани и прикажувани на домашни и релевантни меѓународни фестивали, со што ќе придонесат кон афирмација на македонскат кинематографија и нејзиното позиционирање во поширокиот европски и регионален културен контекст.

Вкупниот износ на доделени средства во вториот круг за 2025 година изнесува 97,300,000 денари.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија останува посветена на стратешка поддршка на авторски, иновативни и копродукциски филмски проекти, со фокус на одржлив развој, генерациска рамнотежа и јакнење на меѓународната соработка.

ДОЛГОМЕТРАЖНИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МНОЗИНСКИ УДЕЛ
Наслов на проектПродуцентРежисерСценариоОдобрен износ
Не плачи душоДФВП Партизанс ДООЕЛРадован ПетровиќРадован Петровиќ, Катерина Митровиќ18.500.000
Оџакот не чадиМоуви М ПродакшнИзер АлиуМерита Сали18.000.000
Враќање домаКатавеј ДООЕЛСаша СтанишиќСаша Станишиќ17.000.000
ПатнициСинемон Медиа ФакториНиколче ПоповскиНиколче Поповски15.000.000
ДОЛГОМЕТРАЖНИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ
Наслов на проектПродуцентРежисерСценариоОдобрен износ
8 ми март – Меѓународен ден на жената“Веда ФилмСрѓан ДрагојевиќСрѓан Драгојевиќ и Румена Бужаровска3.000.000
ЈугославаМинимал КолективИван БакрачИван Бакрач2.500.000
Штом падне ноќСлобода Филм ДООЕреник БеќириЕреник Беќири, Марија Апчевска3.000.000
Југославија моја татковинаКино окоГоран Војновиќ и Александар ПоповскиГоран Војновиќ и Александар Поповски2.800.000
ДОЛГОМЕТРАЖНИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МНОЗИНСКИ УДЕЛ
Наслов на проектПродуцентРежисерСценариоОдобрен износ
Цветни крампониАлка филмОнур ОзџанАлександра Кардалевска1.800.000
Ја убивам за филмМИ Филм ДООИвица ДимитријевиќИвица Димитријевиќ2.000.000
КРАТКОМЕТРАЖЕНИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МНОЗИНСКИ УДЕЛ
Наслов на проектПродуцентРежисерСценариоОдобрен износ
Тивко белоМинимал колектив Дооел СкопјеЛидија МојсовскаЛидија Мојсовска,Јаков Попоски2.000.000
Ноќе покрај рекатаДекард ФилмсМарија Апчевска-ПетровскаМарија Апчевска-Петровска, Ереник Бекири1.200.000
Светлината на сонцетоПрометеус филмсВисар ВишкаРефет Абази2.000.000
ВлезОхо Продукција Дооел СкопјеТина ВеличковиќТина Величковиќ1.000.000
МузикантиВертиго Висуал ДООАндреј ГеоргиевАндреј Георгиев1.500.000
СкакулциХитхра ФилмсХанис БагашовХанис Багашов1.300.000
Прв резТрена ДооелВладимир МитревскиВладимир Митревски1.200.000
ТуѓинаСутерен ДООАна ЈакимскаАна Јакимска1.000.000
КРАТКОМЕТРАЖНИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МНОЗИНСКИ УДЕЛ
Наслов на проектПродуцентРежисерСценариоОдобрен износ
Белешки кон една непремостива хроникаЏуно Дооел СкопјеКумјана НоваковаКумјана Новакова1.500.000
ЗемјаОпиум Филм Дооел СкопјеСветислав Подлешанов, Кирил КаракашСветислав Подлешанов, Кирил Каракаш1.000.000