Центар за култура – Битола денеска го најави концертот на Сефедин Бајрамов со наслов „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола.
Сефедин Бајрамов – битолскиот славеј со кадифен глас, во придружба на Камерниот оркестар на Битола, на публиката ќе и подари серанади кои дишат со емоции, љубов, вино и убавини.
Со оваа најава Центарот за култура – Битола ги честита новогодишните празници, со желби за здравје, љубов и нови успеси.
„Ви подготвува во новата година уметнички доживувања со врвен квалитет и вистински вредности.“ – порачуваат од таму.