Вечерва (24 декември) со изведбата на претставата „Црвенкапа“, актерката Ана Левајковиќ-Бошков ќе прослави 30 години кариера.
Во Театарот за деца и младинци – Скопје е вработена од 1995 година а досега остварила 56 улоги во различни претстави, а со претставата „Црвенкапа“ годинава ја надмина бројката од 300 изведби.
„Најискрено, мојата најголема прослава е секојпат кога ќе се крене завесата. Но, најдобриот начин да се прослави актерски јубилеј е таму каде што сè започна – на театарска сцена. Се разбира во кругот на моето најголемо семејство – мојата верна публика, децата посетители на Театарот за деца и младинци, и секако со моите драги колеги и со моето потесно семејство. Посакувам тоа да биде вечер на благодарност, не на глорификација, за да си споменеме за сè што поминавме и да си посакаме уште многу игри. Најважно ми е да бидам опкружена со луѓето што ги сакам и со децата, бидејќи без нив, овој јубилеј не би постоел. За мене секоја нова претстава е мала прослава на овој јубилеј, но сигурно ова е момент кога ќе наздравиме за овие три убави децении.“ – изјави Ана во интервју за Слободен печат.
Целото интервју на: Слободен печат