Владо Георгиев со голем концерт во Скопје веднаш по Белградска арена

Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев денеска објави дека на 7 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.

По два распродадени концерт во Белградска арена. А веднаш после третиот концерт таму,„Господски“ концерт ќе се одржи во пресрет на Денот на жената во спортскиот центар „Јане Сандански“.

На публиката ќе ѝ биде претставена единствена музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалниот концертен настап. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност ги прави настапите на Георгиев посебно искуство што ќе се памети долго време. Овој концептуален концерт носи враќање кон вистинската уметност – звук што не е прилагоден на трендовите, туку на моментот, искреност и врвна изведба. Публиката може да очекува патување низ безвременски хитови, омилени балади, раскошна продукција и атмосфера што создава чувство на блискост и заедница.

Георгиев летово по голема пауза одржа концерт во битолска Хераклеја. А неодамна специјално за концертите во Белградска арена објави песна која премиерно ја изведе на нив.