Хрватскиот музички состав BALKAN ZOO и нивната вокалистка Нина Чориќ беа на програмата на третиот фестивалски ден на Фестивалот на музика од светот. Со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија Чориќ и момците од Balkan Zoo приредија весела атмосфера.
Пред битолската публика изведуваа бројни нумери од нивните два албуми а посебна почит одадоа на Есма Реџепова чии неколку песни ги изведуваше Чориќ.
„Ние сме еден од ретките хрватски состави, можеби и прв што настапил на овој фестивал. И навистина ни е голема чест.“ – рече Чориќ.
Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани. Тие во 2021 година започнуваат соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина Чориќ, со која вчера настапија и во Битола.
