Камерниот оркестар на Битола и Тања Царовска синоќа одржаа концерт на вториот ден од 17. издание на Фестивалот на музика од светот. Пред полната Голема сала на Центарот за култура – Битола, Царовска со оркестарот изведуваа музика на широк спектар на јазици и стилови — од арапски и грчки до ирански, индиски, бангладешки и ерменски. Отворајќи ја вечерта со македонска песна и враќајќи се кон својата длабока поврзаност со македонската традиционална песна на самиот крај.

Во овој специјален музички проект, Царовска претстави избор на традиционални песни што ги открила низ своето долгогодишно уметничко патување. Колекцијата беше исполнета со лични мелодии и спомени, оживеани преку нејзиниот препознатлив вокал и богатото звучно присуство на Камерниот оркестар Битола.

Вечерва програмата на фестивалот e полна со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија – токму она по што се препознатливи „Balkan Zoo“. Тие се хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани.
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски