Со концерт на група „Фонтана“ и турската пејачка со македонски корени Гамзе Матраџи синоќа во Центар за култура – Битола се отвори Фестивалот на музика од светот.
„Овој фестивал ја претвора Битола во една точка на културна поврзаност и уметничка инспирација, а тоа не е само фестивал, тоа е средба на култури, јазици и звуци што се спојуваат во едно единствено чувство: музиката како универзален јазик на човештвото. Фетивалот ќе се одржи фестивалот под мотото „Уметноста на звукот“. Во ова издание го истражува просторот меѓу тишината и вибрацијата, меѓу интонацијата и емоцијата. Звукот не е само средство за изразување, тој е форма на уметност што допира подлабоко од зборот, што ја создава врската меѓу слушателот и изведувачот, меѓу традицијата и модерноста, меѓу локалното и светското.“ – истакна Сашо Илковски, директор на Центар за култура – Битола.

Благојче Трајковски ја отвори вечерта со своите препознатливи инструментални изведби, кои беа на програмата и помеѓу изведбите на Матраџи. Која е родена во Измир а е со корени од Велес. Таа вчеравечер изведуваше доминатно македонски традиционални нумери како: „Јовано, Јованке“, „Се посврши сербез Донка“, „Мома оди за вода“, „Сношти поминав заминав“ а концертот го заврши со антологиската „Македонско девојче“. Публиката на концертот имаше можност и за првпат да чуе изведба во живо на омилената песна на Ататурк, Manastır Türküsü.
Група „Фонтана“со својот вокал Игор Илиевски не ги заборавија битолските музички легенди па ги изведоа песните „Ако одам во Битола“ во чест на Петар Георгиев – Калица и „Ако згрешам нека изгорам“ во чест на Пепи Бафтировски.