Black Friday понуда за Фестивалот на музика од светот

Само утре, 21.11 (петок), Центар за култура – Битола со своја Black Friday понуда.

5 концерти на Фестивалот на музика од светот за само 1200 денари.

Понудата важи на билетарницата и онлајн на www.3dkinobitola.com.

ПРОГРАМА:

27 ноември (четврток) | 20:00 ч.

ФОНТАНА & ГАМЗЕ МЕТРАЦИ (Македонија / Турција)

Македонски етно звук во спој со турска страст и нежност, музика што ги поврзува корените и културите.

28 ноември (петок) | 20:00 ч.

ТАЊА ЦАРОВСКА & НУ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР БИТОЛА

Eдно извонредно музичко патување околу светот – софистицирана фузија од традиционални песни избрани од различни култури и континенти.

29 ноември (сабота) | 20:00 ч.

BALKAN ZOO & NINA ĆORIĆ (Хрватска)

Gipsy flamenco world music атракција , неповторлива фузија на ромска традиција и фламенко страст.

30 ноември (недела) | 20:00 ч.

KOZA MOSTRA (Грција)

Еден од најпознатите грчки бендови ,експлозивен микс од ска, рок, ре-бетико и бавчански ритам што буди вистинска забава!

1 декември (понеделник) | 20:00 ч.

GAMAZDA (Русија)

Виртуозна пијанистка со милионски YouTube прегледи — од Metallica до Mozart, концерт што ќе ве остави без здив!

Еден концерт: 400 денари

Фестивалски пакет (5 вечери): 1200 денари

https://www.3dkinobitola.com/single/event/253