„Deep Purple“ за последен пат во Скопје!

Еден од најважните проекти во наредниве 3 години во светската музичка индустрија, планетарната турнеја на „Deep Purple“ доаѓа во Скопје на 11 октомври 2026 годнина во Арена „Борис Трајковски“!

Во неа, бендот за последен пат ќе го обиколи светот. А големо е задоволството што Скопје доби датум во склоп на таа турнеја.

За „Deep Purple“, сè се знае! Милионски тиражи, големи албуми, илјадници концерти, хитови за сите генерации. Сигурно еден од најголемите и највлијателни бендови на светот на сите времиња. Скопје ќе има шанса за последен пат во живо да ги слушне: „Hush”, „Highway Star”, „Smoke on the Water”, „Lazy”, „When a Blind Man Cries”, „Black Night”, како и некои композиции кои „Deep Purple“ долги години не ги свират во живо!

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (21 ноември) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk. Сите информации околу влезниците, нивните цени и категории ќе бидат објавени во среда во 20 часот.

Бендот на оваа турнеја ќе настапи со своја грандиозна продукција, звук, светло и видео – и во Скопје, како и низ целиот свет!