Објавата која предизвика неверување на друштвените мрежи е вистинита. Легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага и раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, објавија дуетска песна.
Шокот, кој многумина го сметаат за оправдан, се прелеа и на социјалните мрежи, каде што сите пишуваат за оваа необична соработка. „Што е ова?“, „Од каде дојдоа овие двајца“, „Дали е ова Ai“… се само неколку од коментарите.
Песната „Астронаут“ е придружена со необично видео во кое ги гледаме двајцата музичари. Текстот и музиката се напишани заедно од Момчило Бајагиќ – Бајага и Девито.