Само денес (11 ноември), Центарот за култура – Битола подготви еднодневна промоција која не се пропушта.
Искористете ја шансата и специјалната понуда да купите блок влезница за Фестивалот на музика од светот со голем попуст од 20%.
Редовната цена на блок влезницата е 1500 денари а само денес цената е 1200 денари. А покрај попустот добивате екстра подарок со секоја купена блок влезница, брендирана шоља од фестивалот.
Оваа намалена цена важи ИСКЛУЧИВО на БИЛЕТАРНИЦАТА! Работно време од 15:30-20:30 часот.