На 28 март 2026 година (сабота), хрватската музичка ѕвезда Весна Писаровиќ ќе настапи за првпат пред македонската публика, на сцената на Македонската филхармонија во Скопје.
Со својот препознатлив глас, харизма и искрена емоција, Весна ќе ги оживее своите најголеми хитови – „Да знаш“, „Јутро доноси крај“, „Сасвим сигурна“ – како и многу други песни што го обележаа нејзиниот музички пат. Публиката ја очекува вечер исполнета со врвна музика, носталгија и силни емоции – концерт што ветува незаборавно искуство и атмосфера што ќе се памети долго.
Овој ексклузивен музички настан е во организација на EVENTUM.