Young Dadi ќе биде специјален гостин на утрешниот концерт на АРЕА во СЦ „Јане Сандански“

На утрешниот концерт (8 ноември), кој е по повод 25 години од албумот ,,Врати на имагинација” и 25 години од нивниот легендарен концерт на Саем, АРЕА за првпат ќе го отсвири целиот студиски албум во живо. А специјален гостин ќе биде Young Dadi

Публиката ќе има можност првпат во живо да ја слушне новата верзија на легендарната песна „Очи Ангелски“, чиј прием од публиката го потврди безвременскиот дух на АРЕА и докажа дека добрата музика не познава граници. Меѓудругото, на концертот премиерно ќе се промовира и посетителите ќе можат да го набават винилното ремастерирано издание на албумот „Врати на имагинација”, а сите кои ќе го купат, ќе имаат можност да добијат потпис од бендот на официјален meet & greet.

Некои од категориите се пред распродавање, а преостанатите влезници се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.