Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип во четврток, 06 ноември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе одржи Симпозиум на тема „Битовата драма во репертоарот на националните театри“.
Настанот е посветен на истражувањето и анализата на битовата драма како значаен жанр во македонската драматургија и нејзината застапеност во програмите на националните театри.
Учесници се: Билјана Крајчевска, Катерина Момева, Трајче Кацаров, Гоце Ристовски
Организатор е НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.