Грчките евровизиски претставници „Кoza Mostra“ и пијанистката Gamazda на Фестивалот на музика од светот

Центар за култура – Битола го најавува 17 издание на Фестивалот на музика од светот кој ќе се одржува од 27 ноември до 1 декември во Центар за култура и Народен Театар – Битола.

На 30 ноември во Битола доаѓаат „Koza Mostra“ – еден од највлијателните и најпознатите грчки бендови на изминатата деценија!  Својот меѓународен пробив го направија на Евровизија 2013 со хитот „Alcohol is Free“, кој денес има повеќе од 12 милиони прегледи на YouTube. Од тогаш до денес, нивниот експлозивен спој од традиционална и народна музика со рок, ска, панк и диско ги направи омилени на фестивали низ цела Европа. Со енергични настапи, неповторлива харизма и заразен ритам, „Koza Mostra“ создаваат атмосфера што тера секого да пее, танцува и заборава на граници. Концертот е со почеток во 20 часот во Големата сала на Центар за култура.

Додека на 1 декември на сцената на фестивалот пристигнува виртуозната GAMAZDA – пијанистка која ја претвора музиката што ја сакавме во ново, возбудливо искуство! Од Metallica до Mozart, од Hans Zimmer до Queen – ова е пијано патување низ звуците на 80-тите, 90-тите и 2000-тите, изведено со извонредна техника и моќен рок дух. 

Gamazda (Aleksandra Kuznetsova) — професионална пијанистка, дипломирана со највисоки почести на прочуената Tchaikovsky Conservatory, со милиони прегледи на YouTube и пофалби од Red Hot Chili Peppers, Papa Roach, Tool итн. Концертот е со почеток во 20 часот и ќе се одржи во големата сала на Народен театар – Битола