„Dobro veče i laku noć“ – нова песна на Калиопи

Денес, на промоцијата во Белград, Калиопи ја претстави својата нова песна со наслов „Добро вече и лаку ноќ” (Добра вечер и лека ноќ). Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е повторно Ромео Грилл.

„Ова е целосно женска песна. Но, мислам дека и мажите со задоволство ќе „џускаат“ со нас.“ – рече Калиопи во Белград.

Песната „Добро вече и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.