Николас Кејџ го глуми српскиот двоен агент од чиј лик е инспириран Џејмс Бонд

Николас Кејџ повторно се соединува со режисерот Сајмон Вест во неговиот најнов филм, играјќи го српскиот двоен агент Душко Попов, кој го инспирираше ликот на Џејмс Бонд. Филмот „Fortitude “ се снима во Лутон, Велика Британија. И е трилер од Втората светска војна за вистинска британска операција за убедување на нацистите дека сојузничките сили ќе се истоварат во Кале, а не во Нормандија.

Попов, заедно со разузнавачките службеници Дадли Кларк и Томас Аргајл Робертсон, смислиле комплициран план за операцијата.

Попов е роден во Тител, Србија а бил адвокат и разузнавач, кој работел како троен агент за Втората дирекција на Генералштабот на Југословенската армија, германската Абвер и британската МИ6 за време на Втората светска војна. Неговото тајно (шифрирано) име било Трицикл, а тоа било и името на шпионската мрежа во која бил вклучен.

Ова е третиот филм на Кејџ со режисерот Вест, по „Con Air“ и „Stolen“. Во глумечката екипа се и Метју Гуд, Ед Скреин, Алис Ив, Мајкл Шин, Сер Бен Кингсли и Арт Малик, а точниот датум на премиерата на филмот сè уште не е одреден.