Се бараат актери за улога во новата македонска тв-серија

ОХО продукција објави повик за кастинг за својот актуелен проект тв-серијата „Авантурите на една турбо-фолк принцеза“

Серијата во развој ги собра наградите на сите фестивали на кои се појави а сега е време да се најдат актери и актерки кои ќе ги оживеаат ликовите напишани од Андреј Волкашин и Петар Влчев.

Се бараат актерка за главна женска улога на возраст од 20 до 35 години и актери за машки улоги на возраст од 25 до 50 години. Повикот е отворен за професионални и непрофесионални актери и актерки.

Пријавувањето се врши преку онлајн формулар.