ФРАЈЛЕ СО ДВА КОНЦЕРТА ВО СКОПЈЕ – 18 октомври и 16 ноември во Филхармонија

По одличниот прием и распродадениот концерт одржан на 15 март годинава, популарниот женски бенд Фрајле повторно доаѓа во Скопје со два концерта во Македонската филхармонија – на 18 октомври и 16 ноември 2025 година, со почеток во 21 часот. Концертите се во организација на Прагма продукција.

Публиката веќе има можност да се увери во емоцијата и уникатниот музички израз на Фрајле – уште од минатогодишниот настап во Центарот за култура во Битола, кога групата даде и интервју за Култура24.мк, а потоа и на спектакуларниот концерт во Скопје во март оваа година, кој се одржа во истата сала – Македонската филхармонија.

Фрајле, познати по спојот на шансон, поп и етно елементи, со својата харизма, вокална хармонија и блискост со публиката, секогаш приредуваат незаборавно музичко доживување. Овојпат се враќаат со нов репертоар, но и со сите омилени песни што публиката ги бара на нивните настапи.

Билетите се веќе пуштени во продажба на мрежата на Купи карта. Резервирајте навреме и не пропуштајте две вечери исполнети со музика, емоции и вистинска уметност.

Фотогалерија од концертот во Битола во 2024 година

Фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски