Изложба и видео проекција „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“

Во вторник (7-ми октомври) во малата сала на НУ Завод и музеј – Битола ќе се реализира проектот „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“ која се состои од изложба и видео проекција.

Во проектот учество зедоа Љупчо Стојановски професор по историја и Орхан Демири, имам во Исхак Челеби џамија и професор по исламски науки. Покрај нив работеа повеќе лица како сниматели, видео монтажери и фотографи. 

Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам а автор на проектот е Агим Џело.