Почина филмската дива Клаудија Кардинале

Клаудија Кардинале, водечка дама на италијанското кино во 1960-те, чијашто бурна убавина ја славеа филмските режисери Лучино Висконти, Серџо Леоне и Федерико Фелини, почина во Немурс, Франција на 87 години.

Нејзиниот агент, Лоран Саври, во вторникот ја потврди смртта на Агенцијата Франција-Прес. Причината не беше објавена. Кардинале живееше во Немурс, јужно од Париз, во последните години.

Кардинале, која исто така глумеше во голем број холивудски филмови, вклучувајќи го комичниот класик на Блејк Едвардс „Пинк Пантер“, се појави во повеќе од 150 филмови за време на нејзината шестдецениска кариера во Европа.

Таа беше женски идеал на Марчело Мастројани во „8½“ на Фелини, Сопственик на бордел, кој банкротира во чудесна шема да изгради оперска куќа во џунглата Амазон во „Fitzcarraldo“ на Вернер Херцог и вдовицата со пиштол во „Once upon a time in the West“ на Серџо Леоне.

Кардинале честопати беше групирана со Софија Лорен и Џина Лолобриџида како италијански секс симболи од 1960-те и 70-те години.

Добитничка на награда за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал во 2002 година, таа рече дека глумата била одлична кариера. „Живеев повеќе од 150 животи – проститутка, светица, романтичарка, секаков вид жена – и прекрасно е да имам оваа можност да се променам себеси. Работев со најважните режисери. Тие ми дадоа сè“ – рече Кардинале.

Во 2018 година на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола ја доби Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.