Токму пред големите јубилејни концерти во Арена Загреб и Сава Центар – Белград, легендарниот Хари Мата Хари ќе настапи во Скопје со специјален солистички концерт. Со овој настап на 24 октомври во СЦ „Јане Сандански“ тој ќе ја започне големата регионална прослава – 40 години музика, љубов и емоции.
Под мотото што совршено ја опишува неговата уметничка мисија, Хари ќе ја сподели својата четиридецениска музичка приказна со македонската публика, носејќи ги безвременските хитови што со генерации живеат во нашите срца: „Lejla“, „Baš ti lepo stoje suze“, „Kad dođe oktobar“, „Lud sam za tobom“ и многу други.
Специјални гости на оваа незаборавна вечер ќе бидат култната група „Валентино“, чија музика со децении остава траен белег на регионалната сцена. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне во живо нивните најголеми хитови: „Volim te još“, „Oka tvoja dva“, „Samo sklopi okice“ и уште многу други.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 01.09.2025 во 09:00 часот онлајн на ticketx.com.mk како и во продажната мрежа на TicketX низ Македонија по следниве цени и категории: Партер – 800 ден, Фан Пит – 990 ден, Голден Трибина – 1.200 ден. и Силвер Трибина – 1.000 ден. По лична желба на Хари Мата Хари, концертот ќе има ограничен капацитет со само 2.000 билети, од кои само 700 со седење, со цел да се создаде вистински интимна атмосфера.