„Човекот лавина“ – документарец за тапанарот на „Леб и Сол“ Драгољуб Ѓуричиќ

„Čovjek lavina“, еден од најочекуваните документарци на годината, кој се фокусира на животот и уметноста на познатиот југословенски тапанар Драгољуб Ѓуричиќ, премиерно беше прикажан во Херцег Нови.

Овој филмски портрет ја открива приказната за рок-сцената во Црна Гора и нејзините почетоци во 60-тите, како и развојот и растот на рок-културата на Балканот во текот на 70-тите и 80-тите години. Ѓуричиќ, горд Црногорец роден во Цуце, мало село во близина на Цетиње, ги поминал детството и тинејџерските години во Херцег Нови. Откако се преселил во Белград, Србија, неговата кариера почнала да се развива со вртоглаво темпо. Свирел со најважните бендови од своето време во регионот. Поминал неколку години во Скопје како тапанар на познатиот рок-бенд „Леб и сол“.
Со иновации во својот музички пристап, Ѓуричиќ ги донесе тапаните во центарот на музичката изведба, формирајќи го првиот балкански перкусионистички оркестар „Балканска лавина“. Неговите фантастични настапи и големата енергија го направија симбол на протест против режимот на Милошевиќ на крајот на дваесеттиот век.

Човек со големи идеи и раскошен талент, тој остави значајно наследство на многу негови студенти, како и на генерациите тапанари кои доаѓаат.

Филмот го режираше Слободанка Радун по сценарио на Јасмин Карајловиќ, а меѓу ликовите кои го следат животот на Ѓуричиќ се Андрија Ѓуричиќ, Милан Ѓуричиќ, Влатко Стефановски, Здравко Чолиќ, Лав Братуша, Бајаќиќ, Жикагали. Јањатовиќ, Иван Ивачковиќ, Викторија Самарџиќ, Наталија Самарџиќ, Вехбија Илиќ и други.