Со доајенот на театарот за деца Ивица Шимиќ започнува 14. „Битолино“

Вечерва со почеток во 20.30 часот на Големата сцена на НУ Центар за култура – Битола своја претстава ќе има доајенот на театарот за деца на нашите простори, хрватскиот актер и режисер – Ивица Шимиќ. Претходно во 19.00 часот со претставата „Зборови“ на Театарска школа „Бабец“ во придружната програма започнува програмата на 14. Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“.

Основачот на најстариот и најпознат театар за деца во Хрватска, Мала Сцена од Загреб и поранешен Генерален секретар на Светската асоцијација на детски театри ASSITEJ (2008-2014) ќе ја изведе својата култна претстава „Pale sam na svijetu“.

По 39 години од првата изведба во 1986 година, оваа култна претстава ни доаѓа во Битола !

Приказна што толку убедливо ги опишува соништата и аспирациите на момчињата? Игра што ги привлекува децата во претставата и ги прави не само учесници, туку и креатори на претставата? Љубов кон детството и учество во стравот? Или сето тоа заедно? Веројатно…

Ова е прва претстава во конкуренција за фестивалското Гран-при за најдобра претстава во целина. Утре на програмата се Театарот „Нодар Думбадѕе“ од Грузија и Театарот „Сенки и Облаци“ од Македонија. Влезот на сите претстави е бесплатен а влезниците се подигаат пред почеток на претставата.