Георги М. Унковски и Наум Доксевски ќе бидат ментори на Talents Sarajevo 2025

19-тото издание на „Talents Sarajevo“ собира 63 учесници од 17 земји, поделени во осум специјализирани групи: Acting Studio, Directors Summit, Script Station, Camera Studio, Producers Summit, Editing Studio, Talent Press и Pack & Pitch.. Нудејќи интензивна и колаборативна средина за практична обука, уметничка размена и креативен развој, секоја група е водена од ментори и е дизајнирана да се справи со новите предизвици со кои се соочува следната генерација филмски професионалци.

Во овогодишната програма на Acting Studio, актерот Горан Богдан носи уникатен менторски пристап обликуван од регионално признание и меѓународна репутација. Познат по своите улоги во „ФАРГО“, „ТАТКО“ и неодамна „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“, награден со Златна палма за најдобар краток филм во 2024 година и номиниран за Оскар®.

Directors Summit го воведува новозамислениот концепт „One Day from Competition“, здружувајќи режисери чии филмови ќе бидат прикажани во Натпреварувачката програма на 31-от Сараевски филмски фестивал. Преку отворени сесии со Кукла („ФАНТАЗИЈА“), Владимир Тагиќ („ЈУГО ФЛОРИДА“), Стефан Ѓорѓевиќ („ВЕТРЕ, ПРИЧАЈ СА МНОМ“), Георги М. Унковски („ДЈ АХМЕТ“) и Хана Јушиќ („БОГ НЕЧЕ ПОМОЧИ“), учесниците ќе ги истражат креативните и емоционалните барања на режијата, од водење екипа на снимање до одржување на долгорочна уметничка визија. Новиот концепт, исто така, нуди единствена можност за поврзување на младите таленти со продукциската средина и самата суштина на натпреварувачката програма на Фестивалот.

Одговарајќи на потребите на сценаристите во регионот, Script Station се враќа во обновено издание со формат на „Writers’ Room“ што нагласува соработка во рамките на креативниот процес. Програмата ја водат Исауре Писани-Фери, ко-сценарист на сериите „BECOMING KARL LAGERFELD“ (Disney+) и „VAMPIRES“ (Netflix), и Матија Драгојевиќ, ко-сценарист на серијата што ја доби Канската награда – „KLJUN”. И двата носат клучно искуство во сериското раскажување приказни, динамиката на соработките во пишувањето сценарија и иновациите во жанрот, поддржувајќи ги младите сценаристи во учењето како да ги зачуваат сопствените гласови преку процесот на колективна работа.

Camera Studio предводено од македонскиот директор на фотографија Наум Доксевски, го истражува визуелното раскажување приказни како чин на емпатија и соработка. Доксевски е добитник на награди на Санденс и на Филмскиот фестивал во Венеција, а неговата филмографија вклучува соработки со режисери како Горан Столевски (ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ) и Георги М. Унковски (ДИЏЕЈ АХМЕТ), потврдувајќи го пристапот кон камерата не само како техничка алатка, туку и како етичко и естетско проширување на визијата на авторот.

На Producers Summit, учесниците ќе работат со Катриел Шори, една од најискусните и највлијателни личности во меѓународното кино. Шори поддржа продукција на повеќе од 250 филмови и носи прагматично и стратешко разбирање за тоа како да се усогласи уметничката визија со финансиските и логистичките реалности. Неговото менторство се фокусира на улогата на продуцентот како фасилитатор, обезбедувајќи одржливо функционирање на креативните тимови додека се движат низ сложеноста на меѓународните копродукции, финансиските структури и меѓународните соработки.

Овогодинешното Editing Studio ги здружува младите монтажери со Реџиналдо Шимек, еден од најискусните монтажери во регионот. Со искуство во надзор на звук, видео и постпродукција, вклучувајќи соработки со Данис Тановиќ и Аида Бегиќ, пристапот на Шимек кон монтажата одразува силно чувство за структура и тимска работа. Оваа програма се фокусира на монтажата како одлучувачка фаза каде што креативните одлуки се среќаваат со практични ограничувања.

Talent Press, долгогодишната програма на Talents Sarajevo за амбициозни филмски критичари и новинари, е под раководство на Нил Јанг. Критичар, куратор и изведувач чии дела се појавиле во The Hollywood Reporter, Sight & Sound и Screen, и кој бил член на жирија во Кан, Берлин и Венеција, Јанг носи практично знаење за креирање промислена, одговорна критика во индустрија обликувана од забрзан дигитален дискурс и променливи форми на јавен ангажман.

Pack & Pitch, ко-менториран од Габриеле Бруненмаер и Ник Дејвис, дава клучни насоки за тоа како да се артикулира, подготви и презентира проект. Бруненмаер, редовен ментор во големите европски лаборатории за развој како што се „Мидпоинт“ и „Рендез-Ву-Индустри Кан“, и Дејвис, долгогодишен културен стратег и уредник кој соработувал со Венециското биенале и Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, повторно ја водат програмата, водејќи ги учесниците низ развојот на нивните проекти, што кулминира со финална сесија за презентација за натпреварувачка награда.

Развиен во партнерство со Меѓународниот филмски фестивал во Берлин и „Berlinale Talents“, „Talents Sarajevo“ ја потврдува својата посветеност на менторството како основа за професионален развој. Преку осум фокусирани лаборатории предводени од активни професионалци во индустријата, програмата нуди практично водство, поттикнува меѓугенерациска размена и ги опремува младите филмски работници со алатки за навигација во современиот филмски пејзаж.

31-от Сараевски филмски фестивал ќе се одржи од 15 до 22 август.