Културниот центар во Чачак ќе го носи името на Бора Чорба, а паркот името на Соња Савиќ

Новиот состав на Комисијата за утврдување на имиња на улици во Чачак, Србија, на денот на нејзиното конституирање, предложи Културниот центар Чачак да го носи името на познатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ, роден во Чачак, кој почина минатата година и беше погребан во својот роден град.

– „Денес решивме да предложиме Културниот центар Чачак да го носи името на Бора Ѓорѓевиќ, бидејќи сите знаеме колку голем белег оставил во српската култура и колку го сакал својот роден град. Соња секогаш гордо нагласуваше дека е од Чачак, и сметаме дека ова е добар начин симболично да ѝ се заблагодариме за нејзиниот придонес во уметноста во Југославија и Србија“ – рече претседателот на Комисијата, Марко Парезановиќ.

Дополнително, донесена е и одлука Градскиот парк да се именува по девојчето Милица Ракиќ, која трагично загина за време на бомбардирањето на НАТО на Сојузна Република Југославија во 1999 година.