27 ЈУЛИ – НЕДЕЛА РАКОМЕТНО ИГРАЛИШТЕ, БИТОЛА 21 ЧАСОТ
Драги наши, големо задоволство ни е да Ви најавиме дека сигурно еден од најголемите хитмејкери од екс-југословенските простори Момчило Бајагиќ-Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи САМО ЕДЕН ексклузивен концерт во Македонија и тоа, оваа НЕДЕЛА (27 ЈУЛИ) во Битола на Ракометното игралиште, со почеток во 21 часот!
Концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од два и пол хитови и претставуваат врвна и квалитетна музичка забава за сите љубители на неговата музика.
Влезниците, во ограничен број, по цена од 900 денари се во продажба онлајн на линкот подолу, AРИЕС ТРАВЕЛ и сите ДИМПО тобака во Битола.
Влезници: https://avalonbooking.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=1810&lang=mk