Тема на конкурсот е „Битолските порти“ а конкурсот ќе биде отворен до 01.08.2025 година. Наградниот фонд е 4000 денари за првата награда, 3500 денари за втората награда и 2500 денари за третата награда.
Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
Фотoграфиите во својот фокус треба да ги имаат портите во целина или детали од портите на објекти од Битола.
Изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2025 ќе се реализира во рамките на годишната програма на НУ Центар за култура Битола, поддржана од Министерство за култура и туризам на РС Македонија
Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер – Општина Битола и е дел од програмата на Бит – Фест.
Сите информации за конкурсот можете да ги најдете на интернет страница на cedi.mk.