Во организација на Конзулатот на Јамајка, членовите на легендарната YU група ја посетија Јамајка во март 2025 година, каде што ги снимија своите најпознати песни во реге стил. Песните беа снимени во познатите студија Tuff Gong, основани од Боб Марли, и Anchor Studios во Кингстон, со поддршка на врвните јамајкански музичари и продуцентот Маконен Блејк Хана.
YU група со тоа стана првиот рок бенд од поранешна Југославија што снимаше во овие студија, реинтерпретирајќи класици како „Црни лептир“ и „Автобус за рај“, а во нови верзии „Black Butterfly и „Bus to Zion“.
Овие песни беа снимени во две верзии – јамајканска и српска. Јамајканската продукција ја потпиша Маконен Блејк Хана, додека српската верзија ја продуцираше Воја Аралица. Оваа соработка претставува уникатен културен мост помеѓу Србија и Јамајка.
Официјалната промоција на новите песни ќе се одржи на 13 јуни во 13 часот во барот Коска (Дорќол Плац). Како продолжение на соработката, легендарните The Wailers ќе настапат заедно со YU Grupa на 20-годишниот јубилејен фестивал Rock Village во Банатски Соколац во август.