Во НУ Турски театар започнаа пробите за претстава „Амадеус“ во режија на Андреј Цветановски а по текст на Питер Шафер. Се работи за проект поддржан со Годишната програма на Министерството за култура и туризам.
Во претставата играат: Џенап Самет, Аксел Мехмет, Емине Халил, Икбал Саидова, Озан Идрис, Слаѓана Вујошевиќ, Бурханетин Ибрахим, Јеткин Сезаир и Селпин Ќерим.
Премиерата ќе се одржи во рамки на престижниот фестивал „Охридско лето 2025“.